12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Од бездомник до богаташ преку ноќ: „Останавме без текст“

Бездомник кој со години живеел во картонски кутии, на улиците и под мостовите на Флорида добил втора прилика и нов живот.

Џон Хелински три години живеел како бездомник. Од ден на ден ситуацијата за овој 62-годишник станувала се` полоша. Хелински бил приморан картонската кутија да ја нарекува дом. Со текот на времето ги изгубил своите документи со кои би можел да оствари право на помош, пишува Еј-Би-Си.

Пред неколку недели му помогнал полицаецот Даниел МекДоналд. Со помош на социјалните работници со недели се обидувал да пронајде дом за господинот Хелински. За време на потрагата по неговите лични податоци, забележале нешто што на Хелински ќе му го промени животот.

Имено, се појавила информација за банкарска сметка на која Хелински заборавил. На сметката на која со години примал социјална помош, сега има доволно пари да купи куќа и да почне живот од почеток.

„Се шокиравме кога го видовме износот. Останавме без текст“, рекол полицаецот.

Спонзорирано: