3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нова година ќе се слави и пред затворот во Шутка

Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ соопшти дека вечерва ќе организира пречек на новогодишната ноќ пред истражниот затвор во Шуто Оризари.

„Новогодишната ноќ пред затворот во „Шука“ ќе биде во знак на подршка на притворените уставобранители“, велат организаторите.

Веќе цел месец симпатизери на опозицијата и граѓански здруженија протестираат на повеќе локации, меѓу кои и Истражниот затвор во „Шуто оризари“, поради апсењата на функционери и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, за настаните што се случија на 27-ми април во Собранието.