12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран ги блокирал социјалните мрежи зошто демонстрантите оттаму учеле како се прават молотови коктели

Во Иран по тридневните антивладини протести ширум земјата, ограничен е пристапот до социјалните мрежи преку мобилни телефони.

„Високи безбедносни претставници одлучија привремено да го блокираат пристапот до Телеграм и Инстаграм“, пренесе државната телевизија повикувајќи се на „безбедносни извори“.

Иранските власти обвинија „контра-револуционерни групи од странство“ дека ги користат социјалните мрежи како канал преку кој повикуваат на антивладините протести да се користат молотови коктели и огнено оружје.

„Неколку контра-револуционерни елементи синоќа користеа социјални мрежи за да ги научат луѓето како се користи оружје и молотови коктели“, изјавил иранскиот министер за телекомуникации, Мохамад Џавад Азари.

По уште една ноќ на протести во која загинаа две лица, а десетици беа уапсени, владата на Иран денеска ги предупреди демонстрантите дека „ќе платат“ за предизвиканите немири.

„Оние што уништуваат јавен имот, создаваат немири и поттикнуваат незаконски активности, мора да сносат одговорност за своите постапки и да ја платат цената. Ние ќе дејствуваме против насилството и оние кои сеат страв и терор“, предупреди министерот за внатрешни работи, Абдулреза Рахмани Фазли.

Протестите во Иран во изминативе три дена се проширија низ целата земја, а демонстрантите бараат оставка од врховниот лидер, ајатолахот Али Хаманеи. Немирите во земјата го одразуваат незадоволството поради зголемувањето на цените и наводната корупција, како и загриженоста за вклучувањето на Иран во регионалните конфликти, како што се оние во Сирија и Ирак.

Спонзорирано: