15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 15 жртви при бомбашки напад на погреб во Авганистан

Најмалку 15 лица загинаа, а 14 се повредени во самоубиствен бомбашки напад во источниот дел на Авганистан, изјавија официјални лица.

Според информациите, напаѓачот активирал експлозив за време на погреб во провинцијата Нангархар.

Официјалните лица изјавија дека бројот на загинати може да се зголеми бидејќи има повеќе повредени кои се во критична состојба.

Провинцискиот гувернер, Атаулах Когјани, објасни дека напаѓачот се разнел кога луѓето се собрале на погребот на поранешниот гувернер на округот, на гробиштата во градот Џалалабад.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, кој следеше само неколку дена откако најмалку 41 лице загинаа, а повеќе од 80 беа повредени во самоубиствен напад врз шиитски културен центар во Кабул.

Одговорноста за тој напад ја презеде Исламска држава.

Спонзорирано: