9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Празничен хорор: Момче загуби око поради експлозија од петарда

Германската полиција апелира до родителите да не им дозволуваат на децата да си играат со петарди по извештаи за сериозни повреди на деца, во пресрет на новогодишната прослава.

Последен во низата е случајот на 13 годишно момче кое го загубило окото поради експлозија на петарда.

Претходно, полицијата во Дортмунд соопшти дека седумгодишно момче било примено во болница со сериозни повреди на рацето и лицето, откако петарда му експлодирала во раката.

Иако во Германија употреба на петарди е дозволена само за лица постари од 18 години, за време на секоја новогодишна прослава десетици деца се здобиваат со сериозни повреди поради погрешно ракување со петарди.

Спонзорирано: