9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: илустрација/pixabay
МАКЕДОНИЈА

Македонската полиција пред нова година на нозе – приведени се над 180 лица

Во текок на декември во тетовско приведени 119 странски и 66 македонски државјанки-нелегални танчерки и пејачки

Во рамки на интензивираните полициски активности на Секторот за внатрешни работи Тетово, насочени кон откривање на странските државјанки кои непријавено престојувале или го злоупотребиле туристичкиот престој, нелегално работеле, или поради сомнение за нивна инволвираност во трговија со луѓе, досега беа спроведени триесетина акциски контроли во кои беа опфатени голем број угостителски објекти на подрачјето на СВР Тетово.

Притоа, во содејство со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во контролите беа затекнати, односно откриени 119 странски државјанки, најмногу од Република Албанија – 69, од Република Србија – 38 лица, од Република Косово – 10, од Република Бугарија и од Република Црна Гора по едно лице. За повеќето од откриените странски државјанки коишто престојувале спротивно на целта веќе се поднесени соодветни пријави, по што се депортирани во нивните матични земји.

Странските државјанки на возраст од 19 до 40 години, најчесто во објектите биле ангажирани како пејачки и танчерки и ги забавувале присутните гости. Покрај нив, исто така во акциските контроли на ова подрачје откриени се и 66 македонски државјанки, кои претежно нелегално работеле во објектите.

Спонзорирано: