13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Крвав пред новогодишен инцидент – со шише му ја расекол главата

Во кафе бар во Виница, ноќеска, по претходна расправија, Н. В. (24) од Виница со пивско стаклено шише го удрил во пределот на главата Д. М. (20) од Виница.

На Д.М му е укажана лекарска помош во Итна медицинска помош -Виница, констатирана му е повреда-расекотина во пределот на главата, по што поради сериозноста на повредата е пренесен во Општата болница –Кочани, од каде е препратен во Ургентен Центар-Скопје.

Извршен е увид на лице место од увидна екипа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: