9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев со потег кој никој не го очекуваше – еве што најави во врска со новото министерство за реформи

Првиот човек на Владата, Зоран Заев, изјави дека вицепремиерското место за реформи ќе го чува за „Алијансата за Албанците“.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека испразнетите места на заменик-министрите од партијата на Зијадин Села, кои веќе поднесоа оставки, ќе бидат поплнети по Нова година.

„Потпретседателот на Владата за реформи значи да го координира дури и Заев, да ги координира министерот за правда, министерот за внатрешни работи, за европски прашања, но и другите министерства“, рече Заев и појасни дека со успешност на реформите една мала партија би можела подобро да се позиционира.

Тој додаде дека на „Алијансата за Албанците“ ѝ биле доделени сериозни институции, како Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Имотно-правната служба, Агроберзата.

Заев посочи дела не преговарал со ДПА, но не ја отфрли можноста за преговори по Нова година.

Спонзорирано: