9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев на средба со коалиционите партнери: Влегуваме во година на клучни одлуки за државата

Премиерот Заев денеска оставри средба со претседателите и претставниците на политичките партии од коалицијата.

Како што информираат од владината прес-служба, на предновогодишната средба Заев ги запознал коалиционите партнери со главните точки и остварувања на Владата и нагласил дека тие се постигнати врз основа на принципите договорени со коалицијата.

„Создадовме околности што целосно го променија демократскиот амбиент во земјата за што пристигнаа признанија и од народот со исходот на локалните избори, како и од меѓународната заедница, особено од нашите стратешки партнери во ЕУ, НАТО и од САД и овие промени навестуваат дека влегуваме во година на клучни одлуки за државата. Во таа смисла многу се значајни заемното охрабрување и поддршката на сите партнери во коалицијата во сите области и посебно во остварувањето на концептот едно општество за сите“, истакнал Заев на средбата.

Во текот на разговорот станало збор и за теми од заеднички договорените политики, кои во изминатите 7 месеци се преточиле во конкретни мерки и законски решенија од спроведувањето на програмата на Владата.

Било нагласено дека насоките се утврдени и дека паралелно со она што се очекува на планот за европските и евро-атлантските аспирации, ќе се динамизираат и процесите во спроведувањето на реформите и реализацијата на планот за економски раст.

Спонзорирано: