10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Утрово Скопје се разбуди во солзи – Страшна сообраќајка со смртни последици на булевар Србија

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава во Аеродром. Во несреќата учествувале три возила, од кои едното целосно се запалило.

Според информациите на МВР, ноќеска околу 01,25 часот во Скопје на булевар Србија се случила сообраќајна незгода во која автомобил „Ауди А4“ управувано од Ѓ.Д.(28) од Скопје се судрил во „Пежо 207“, управувано од А.М.(60) од Скопје, а потоа преку тревникот поминалo на коловозните ленти од спротивната насока и удрило во оградата на бензинската пумпа, по што удрило во такси-возило марка „шкода октавијa“ управувано од Т.Ј.(58) од Скопје.

По незгодата, возилото „ауди А4“ се запалило и целосно е опожарено. Сите возила кои учествувале во сообраќајната незгода се со скопски регистарски ознаки.

Во сообраќајната незгода на место на настанот починал Т.Ј., возачот на такси-возилото, додека со тешка телесна повреда се здобил сопатникот од „Ауди А4“ Б.М.(21) од село Сопиште.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Сообраќајот на булевар Србија бил во прекин во двате насоки од 01.30 часот до 05.30 часот.

Спонзорирано: