10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Снег во Македонија – еве каде вее најмногу

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат во Крушево и на планинските превои Ѓавато и Пресека, но не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Спонзорирано: