23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Синоптичарите излегоа со прогноза – еве што најавуваат со времето

Времето денеска ќе биде претежно облачно со кратки сончеви периоди и со слаб локален дожд, а слаб снег ќе има на планините и на некои повисоки места претежно во западните и северните делови на земјава, информира УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец, кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен.

Максималната температура ќе се движи од 4 до 12 степена.

Во Скопје претежно облачно со повремен слаб дожд, а кон крајот на денот ќе има услови и за слаб снег. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, доцна попладне ќе го промени правецот во северен. Температурата ќе достигне до 9 степени.

Во деновите од викендот, како и за време на новогодишната ноќ се очекува стабилно и суво време. В сабота ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Од вторник се очекува извесно зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд.

Спонзорирано: