10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пресврт во ВМРО ДПМНЕ – еве што најави новиот претседател

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со пратеникот Влатко Ѓорчев и секретарот за меѓународна соработка, Александар Николоски, остварил средба со Лукас Холуб, шефот за политички односи на Канцеларијата на Европската Унија во Македонија, информираат од партијата.

На средбата се разговарало за актуелните општествено-политички состојби и стратешкиот приоритет на државата за членство во Европската Унија.

Мицкоски за време на средбата посочил дека државата премногу долго се наоѓа во процес на политичка криза, што негативно се одразува како врз политичките процеси така и врз економијата и стандардот на граѓаните.

„Потребен е политички дијалог за надминување на разликите во однос на клучните процеси во државата, а за негово воспоставување потребна е добра волја од сите учесници. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да ги поддржи секое решение и реформски процеси за кои ќе оцени дека е во интерес на државата и јакнење на демократските процеси, но воедно дијалогот е двонасочна улица и потребна активност е и добра волја од страна на власта преку конкретни чекори со кои ќе ја потврди сериозноста во пристапот“, посочил Мицковски.

Тој истакнал дека политичките прогони, кои, како што вели, ги спроведува актуелната власт, ја уназадуваат државата и го отежнуваат демократскиот процес.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ било истакнато дека е потребен реален напредок во односите и интеграциските процеси на Република Македонија во однос на Европската Унија. Реториката и декларативните заложби на актуелната влада се недоволни. Немањето реални чекори во изминатиот 7-месечен период покажува дека Владата залудно го троши времето и со недоволен капацитет се посветува на овој стратешки приоритет.

Спонзорирано: