11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Општина Центар: Парите наместо за бадникови огнови, ќе се наменат за ново зеленило

Општина Центар оваа година нема преку донации на дрва по месните заедници да поддржува големи палења на бадникарски огнови речиси во секое маало, соопштуваат од општината.

„Општината со ова ќе придонесе за намалување на проблемот со загадувањето на воздухот и животната средина. Градоначалникот Саша Богдановиќ ги почитува традицијата и верските празнувања, но многу поважно за Центарци е да нема дополнително загадување на воздухот со горењето рва. Средствата кои изминатиот период беа наменети за бадникарски огнови, оваа година ќе бидат пренаменети за поставување ново зеленило и за социјалните случаи и програми“, велат од Општина Центар.

Апелираат до граѓаните да се воздржат од палење големи огнови за да дишеме сите почист и поквалитетен воздух.

Спонзорирано: