21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина тврди дека не ја снабдува Северна Кореја со нафта

Министерството за надворешни работи на Кина негираше дека Пекинг ја снабдува со нафта Северна Кореја и покрај неизбежните меѓународни санкции.

Според зборовите на портпаролот, неодамнешните соопштенија за оваа ситуација не се во согласност со фактите.

Велат дека кинеската влада нема да дозволи нејзините граѓани или компании да се вклучаат во каква било акција што ги крши резолуциите на ОН.

Претходно властите во Сеул застанаа брод од Хонгконг, кој според нив извршувал незаконска достава на нафта за Северна Кореја, а јужнокорејските медиуми излегоа со информации за најмалку 30 случаи на прекршување на санкциите во однос на Пјонгјанг од страна на Кина за периодот од октомври до декември.

Вчера претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твритер“ напиша дека Кина е фатена на дело додека тајно доставувала нафта во Северна Кореја.

Спонзорирано: