13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Судот, со продолжување на притворите, повторно се стави во функција на неправдата

Кривичниот суд повторно се стави во функција на неправдата. Судот продолжи решенија за притвор на неаргументирани барања на ОЈО за случај кој е целосно фабрикуван, реагира ВМРО-ДПМНЕ, по вчерашната одлука на кривичниот суд да им ги продолжи притворените на обвинетите за настаните во Собранието од 27 април.

„Судот ја пропушти шансата да одлучува врз основа на законот и фактите. Судот покажа дека е само слеп извршител на нечии наредби. Аргументите се на страната на неправедно притворените. ОЈО без аргументација и докази фабрикуваше случај и прогласи дека се терористи познати уметници, оперски пејачи, архитекти, режисери, глумци, доктори, пратеници, полициски службеници, мајки на малолетни дечиња“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека никаде во современиот демократски свет не е видено да се притвораат граѓани затоа што гласно говореле и не се согласувале со политиките на власта.

„Единствено во Република Македонија, судството функционира е целосно ставено во одбрана на партиски цели и политики. Правдата се злоупотребува. Едно важи за врвот на власта, сосема друго сите останати. Ова е притисок врз сите неистомисленици и обид за нивно заплашување и замолкнување. Ова е политичка пресметка во демократска држава со злоупотреба на државните ресурси“, велат од опозициската партија.

Спонзорирано: