20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пратенички прашања во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува

За денеска со почеток во 11 часот во Собранието е закажана седница на која на дневен ред се пратенички прашања.

Според најавите од ВМРО-ДПМНЕ, нејзините пратеници нема да учествуваат на седницата.

Ваквата одлука следува по продолжувањето на притворите на осомничените за насилството во Собранието на 27 април. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека оваа одлука на кривичниот суд не е во насока на нивните желби за помирување и продолжување на дијалогот.

Премиерот Зоран Заев изјави дека доколку пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не се појават на седницата за пратенички прашања, тој нема да одговара на прашањата на пратениците од мнозинството.

Спонзорирано: