4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Познат најлесниот начин за откажување од пушење!

Најновите истражувања за зависниците од цигари покажале дека шансите за откажување од пушење се поголеми кога одлуката ја носат „одеднаш“ отколку кога постепено се одвикнуваат.

– Погрешно е она што го мислат повеќето луѓе, а тоа е дека најдобро ќе ги оставите цигарите ако полека и постепено ги намалувате дозите се` додека во целост не прекинете, рекла авторката на студијата Никол Линдсон.

Науката има, според неа, докази кои покажуваат дека подобро е доколку цигарите ги оставите „одеднаш“.

– Откривме дека повеќе луѓе успеале да се одвикнат од тутун кога одлучиле да ги остават цигарите засекогаш, вели Линдсон.