15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Иванов ја врачи наградата за најуспешно архитектонско дело на годината

Индустрискиот објект за полнење и пакување природна вода „Маја“ во селото Гари, на архитектот Александар Карангелов, е најуспешното архитектонско дело во 2017 година.

Големата годишна награда што ја доделува Асоцијацијата на архитектите на Македонија ја врачи претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој е покровител на манифестацијата.

„Уверен сум дека Големата годишна награда, но и другите активности на Сојузот на архитектите, ќе придонесат повторно да го сфатиме значењето и насушната потреба од простор, светлина и ред. Потребата од зданија по мерка на човекот, кои ќе бидат белег на нашето секојдневие, но и наследство за идните генерации“, рече Иванов на доделувањето на наградата што се одржа во Музејот на град Скопје.

Претседателот упати порака до институциите и до целото македонско општество да се овозможи повеќе простор за архитектите. Тој подвлече дека за тоа е секогаш потребен интензивен економски и технолошки развој, но и постојано збогатување на духовното и надградување на естетските критериуми.

Спонзорирано: