12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Засилени контроли на Државниот инспекторат за животна средина

Инспекторите на Државниот инспекторат за животна средина, во две групи, денеска се на терен со цел да извршат зајакнати контроли на правните субјекти што поседуваат А интегрирани еколошки дозволи (А ИСКЗ), информираат од инсепкторатот.

Преку соопштение испратено до јавноста, од Државниот инспекторат соопштуваат дека активностите се преземени како резултат на прагот на алармирање за надминување на вредноста од 200mg/m3 во текот на два последователни денови на PM10 честичките во воздухот, дефиниран во Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, што бил надминат во Скопје на мерните места Ректорат и Лисиче и во Тетово.

Од Државниот инспекторат за животна средина информираат дека доколку биде потребно, инспекторските екипи ќе бидат зајакнати и со инспектори од другите градови во републиката.

Спонзорирано: