6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Сараево уапсен маж поврзан со Исламската држава

Безбедносните служби на Босна и Херцеговина во Сараево уапсија маж чиј идентитет не е соопштен поради сомневање дека е поврзан со терористички активности. Државното обвинителство соопшти дека се работи за млада личност, а порталот „Журнал“ пренесе дека се работи за Амир Хаскиќ.

Со законски мерки изминатите години беше целосно прекинато заминувањето на државјаните на БиХ на сириските и ирачките боишта. Како се наведува, безбедносните служби на БиХ дадоа информации дека уапсениот бил во контакт со лица што војуваат во Сирија и Ирак и се борат во редовите на Исламската држава.

Уапсениот се распрашувал за можни начини за заминување во Сирија и Ирак, каде што планирал да отпатува за да им се придружи на терористите.

Обвинителството на БиХ засега го товари за кривично дело противзаконско придружување странски паравоени или параполициски единици.

Спонзорирано: