10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шпанија гo повлекува вишокот полицајци од Каталонија

Шпанското Mинистерство за внатрешни работи објави дека ќе повлече илјадници полицајци од регионот Каталонија кои таму беа поставени како засилување пред референдумот за независност.

Министерот Хуан Игнасио Соидо рече дека околу 5.000 дополнително ангажирани полицајци веќе не се потребни бидејќи ситуацијата се враќа во нормала.

Шпанија беше критикувана поради прекумерната употреба на сила од страна на полицијата во обид да се спречи референдумот за независност на Каталонија, при што беа повредени стотици луѓе.

Мадрид претходно ја распушти каталонската влада и регионалниот парламент и воведе директна управа во регионот.

Спонзорирано: