6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ростек: Испораката на Ц-400 на Турција почнува во март 2020 година

Испораката на првите ракетни системи за воздушна одбрана Ц-400 на Турција ќе почне во март 2020 година, соопшти директорот на корпорацијата „Ростек“, Сергеј Чемезов.

„Првата испорака ја планираме во март 2020 година. Единствена работа што преостана е одобрување на конечните документи“, изјави Чемезов.

Вредноста на договорот за продажба на ракетните системи Ц-400 е 2,5 милијарди долари, вели Чемезов, додавајќи дека Турција е прва членка на НАТО која купила системи Ц-400.

„Преговорите за продажба на системите на Саудиска Арабија се во завршна фаза. Многу внимание посветивме на соработката со Блискиот Исток, многу работа е направена на заеднички проекти со државите од Персискиот Залив“, рече Чемезов.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, најави дека на 12 септември оваа година е потпишан договор со Русија за купување системи Ц-400 и дека уплатиле капар.

Рускиот Ц-400 е најмодерен ракетен систем за воздушна одбрана, кои се во служба од 2007 година. Дизајниран е да уништува авиони, крстосувачи и балистички ракети, а може да се користи и против копнени цели. Ц-400 има дострел од 400 километри, а може да достигне цели и на висина до 30 километри.

Спонзорирано: