17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Партијата на Села ја напушта Владата

Лидерот на „Алијансата за Албанците“, Зијадин Села, во изјава за медиумите рече дека ќе продолжат да дејствуваат како опозиција бидејќи бил нарушен договорот што го имале со претседателот на Владата, Зоран Заев.

Тој истакна дека денеска или најдоцна утре ќе ги достават оставките на заменик-министрите до Владата во писмена форма.

Денеска Заев изјави дкека оставката на заменик-министрите на „Алијансата“ е очекуван чекор бидејќи Села не ја прифатил понудата за потпретседателско место за реформи во Владата.

Тензиите меѓу Заев и Села започнаа кога министерот за здравство од редовите на „Алијансата“, Арбен Таравари, одлучи да ја напушти министерската функција и да се кандидира за градоначалник на Гостивар. По оставката, партијата на Села бараше да биде именуван нов министер од нивната партија, но Заев одби и појасни дека тоа место ѝ било доделено на „Алијансата“ поради квалификациите и способноста на Таравари.

Таравари денеска изјави дека за нив е подобро да бидат достоинствена опозиција отколку слепо црвево во Владата.

Спонзорирано: