20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Општина Аеродром со дополнителни интервентни мерки против загадувањето

Општина Аеродром најави дополнителни интервентни мерки кои ќе се однесуваат на целата територија на општината и ќе бидат во сила сè додека е надминат прагот на алармирање за загаденоста.

„Работниците на отворено ќе работат од 11 до 17 часот; бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, ќе бидат ослободени од работни обврски; се одложуваат активностите на отворено доколку не се итни; се откажуваат сите активности на отворено, во кои учесници се децата како најранлива популација во однос на загадувањето на воздухот; до 50 отсто се намалува употребата на службените возила; продолжуваат зголемените инспекциски контроли на субјектите што управуваат со отпадни гуми и отпадни масла од страна на општинските инспекциски служби; ќе се обезбедат прифатилишта за сместување бездомници“, информираат од Општината.

Оттаму апелираат граѓаните да не ги користат возилата без поголема потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, кој од утре ќе биде бесплатен, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ-амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, односно за затоплување да се користи суво и чисто дрво, без примеси од земја и отпадоци, печките на дрва да се користат и одржуваат според упатствата на производителот.

Спонзорирано: