9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

На Водно нови видиковци и детски реквизити

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ од секторот „Вонградско зеленило“ извршија поставување нови парковски елементи изработени од дрво на повеќе локации во парк-шумата Водно. Два големи детски реквизити се поставени кај хотел „Водно“ и кај Марково Крувче, а еден помал детски реквизит е поставен на патот за Сончев Град.

За поидеална рекреација на граѓаните се поставени и нови видоковци на локациите кај Панорама, на патот за Сончев Град, кај Детското одмoралиште, на патот за Нерези, под средно Водно и кај Долги Рид.

Освен поставувањето на новите реквизити и видиковци, исто така е извршена реконструкција на постоечките клупи и маси на средно Водно, како и на другите парковски елементи кои беа оштетени и стари.

Сите граѓани се добредојдени да се релаксираат и уживаат во природата на Водно користејќи ги овие елементи, но и да ги чуваат и совесно да се однесуваат кон истите.

Спонзорирано: