9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дачиќ: На Балканот има затишје пред нови конфликти

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, смета дека не е ставен конечен крај на проблемите на Балканот, како и дека регионални конфликти се возможни сè додека постојат причини за тие проблеми.

„Дали се решени проблемите за кои избувнаа војните на Балканот? Не. Ова е само интермецо меѓу некои нови конфликти, не поради Србите, туку поради нерешените прашања на Балканот. Доколку големите сили не го разбираат тоа, тие се главните фактори за проблемот бидејќи така само се вртиме во круг“, изјави Дачиќ во интервју за српската телевизија „Хепи“.

Говорејќи во врска со притисоците од големите сили врз земјите што не го признаа Косово, Дачиќ ги споменал САД, Велика Британија и Франција.

„Не можам за нив да зборувам како за пријатели, нека ми прости претседателот Вучиќ, но тие работат против нашите интереси. Јас ги почитувам како партнери, но далеку од тоа дека се пријатели. Од друга страна, Русите се наши пријатели, тие се наши браќа“, рече тој.

Говорејќи во врска со Косово, Дачиќ истакна дека во изминатите 10 години Косово не успеало да го заокружи процесот на независност.

„Русија нема да дозволи Косово да стане членка на ОН затоа што има право на вето“, потенцирал Дачиќ.

Спонзорирано: