12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Азра Башиќ осудена на 14 години за воени злосторства

Судот во Босна и Херцеговина ѝ изрече првостепена пресуда на Хрватката Азра Башиќ за злосторства направени врз заробени српски цивили во Домот на ЈНА во Дервенти и во селото Полје во 1992 година. Судот ја осуди на 14 години затвор за убиство на Благој Џураш, како и за нанесување силни физички и психички повреди на заробени српски цивили во Домот на ЈНА.

Тоа е заклучено врз основа на искази на сведоци кои во време на истрагата ја препознале Башиќ на фотографија, по што изјавиле дека таа била единствена жена во Домот на ЈНА во периодот кога се извршени тие кривични дела. Како отежнувачка околност судот во Босна и Херцеговина ги зел предвид бројот на кривични дела и искажаната суровост при нивното извршување.

Таа е обвинета дека како припадник на Хрватскиот совет за одбрана од 26 април до почетокот на мај 1992 година учествувала во убиство, мачење и повредување српски заробеници.

Спонзорирано: