4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Заев: Просечната цена на тутунот достигна 209,5 денари, што е добро за производителите

Просечната цена за откуп на килограм тутун до сега е 209,5 денари и со исплатата на субвенциите кои ќе бидат во предвидениот рок, таа ќе достигне во просек од 269 денари, изјави денеска премиерот Зоран Заев при посетата на откупните пунктови за тутун во прилепско.

Тој оцени дека овие приходи се достоинствени за 30.000 семејства што живеат од тутун, што се повеќе од 100.000 граѓани.

– Ова е убава година за тутунопроизводителите заради тоа што има добар квалитет на тутунот. Драго ми е што откупот се одвива организирано и контролирано – додаде Заев.

Во однос на следните чекори што Владата ќе ги преземе во новата 2018 година во оваа област, тој посочи дека се работи на изменување и дополнување на законот, што ќе значи воведување на пораст на субвенциите.

– Откупната цена на тутунот ќе биде 80 денари субвенции за прва класа и 70 денари за втора класа. За третата класа и другите останува 60 денари. Ова е дополнителна мотивација за тутунопроизводителите да произведуваат што е можно поквалитетен тутун, знаејќи дека ќе земат повеќе субвенции – истакна премиерот.

Извор: Мета.мк