3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Социјален експеримент: Минувачите игнорираа момче кое јадело од канта за ѓубре (видео)

Новозеландската полиција оваа година планира да регрутира 400 нови полицајци, а едно од клучните прашања кои им го поставува на кандидатите е дали би му помогнале на дете ако го видат како јаде од корпа за отпадоци.

Велат дека сакаат луѓе на кои им е грижа за заедницата и кои сакаат да помагаат.

За таа цел направиле и социјален експеримент.

Снимале момче (актер) како јаде од канта за ѓубре. Во 35 минути покрај момчето поминале 500 лица, а само 10 од нив застанале да поразговараат со него.

Новозеландската полиција со ова најстојува да привлече нови кандидати.

Спонзорирано: