9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Синоптичарите излегоа со детална прогноза – многу пресврти со времето до нова година

Најстудено утрово во Битола, каде што беше измерена температура од минус шест. Минус пет во Скопје Петровец и Берово, Демир Капија, Тетово, Куманово и Струмица со минус четири, Скопје Зајчев Рид и Гевгелија со минус три, Претор, Крива Паланка, Дебар, Прилеп и Штип со минус два, Лазарополе минус еден, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Маврово е измерена снежна покривка од три сантиметри.

Времето денеска ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопската Котлина сончево со слаба магла и заматеност на атмосферата, преку денот со мала до умерена облачност. Температура до 10 степени.

Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло преку денот. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини наутро со појава на магла.

УХМР најавува дека под влијание на влажен бран в четврток времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а само на високите планини со снег. Претпладне врнежи ќе има главно на западот, а околу пладне и до крајот на денот тие ќе се прошират во поголем дел од земјава, но, сепак, најинтензивни ќе останат во западните делови. В петок врнежите ќе бидат слаби и полокализирани, но ќе биде постудено па до крајот на денот слаб снег ќе има и на некои повисоки места во земјава. Во деновите од викендот се очекува стабилно, суво и постудено време.

Спонзорирано: