13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сеул: Следната година Северна Кореја ќе бара преговори со САД

Јужна Кореја предвидува дека следната година Северна Кореја ќе се стреми кон започнување на преговори со САД, што претставува оптимистична прогноза и наспроти плановите на Јужна Кореја да создаде специјализирани воени единици за борба со нуклеарните закани кои произлегуваат од нејзиниот северен сосед, пренесува Ројтерс.

„Северна Кореја ќе се стреми кон преговори со САД, а истовремено ќе продолжи да вложува напори да биде признаена дека фактички поседува нуклеарно оружје“, стои во извештајот на јужнокорејското Министерство за обединување.

Министерството за одбрана во Сеул најави дека ќе создаде четири одделенија, чија цел ќе биде да одвраќаат и да реагираат на нуклеарната и ракетна закана од Северна Кореја.

Тензијата на Корејскиот полуостров се интензивираше поради нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг, што е во спротивност со одлуките на Советот за безбедност на ОН.

Претходно американските дипломати уверуваа дека бараат дипломатско решение за проблемот, но американскиот претседател Доналд Трамп честопати користеше милитантна реторика против Пјонгјанг. Американскиот лидер јасно даде до знаење дека режимот на Ким јонг ун мора прво да ги напушти своите нуклеарни амбиции за да седне на преговарачката маса.

Спонзорирано: