10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев отвори можност – Наскоро нови предвремени парламентарни избори?

На прашањето како планира да се справи со ситуацијата, по изборот на јавен обвинител што „покажа дека Владата има танко и нестабилно мнозинство во парламентот“, премиерот Зоран Заев денеска во Прилеп изјави дека тоа е добро за демократијата во земјава. „Тоа е добро за Македонија, не ни требаат нови диктатори во државава. Тенкото мнозинство беше потврдено и при формирањето на Владата. Тоа мнозинство и сега се држи на некои 61 до 65 пратеници во зависност од нивната определба, на точката на дневен ред, но на крајот на денот тоа е добро за демократијата. Јас сум растеретен човек. Додека има мнозинство има и Влада, ако нема мнозинство се прегрупираат политичарите во обиди да создадат ново мнозинство, ако не се оформи – избори не ни бегаат“, рече Заев и додаде:

„Она што е важно за бизнисмените и граѓаните е дека јас како мандатор и како премиер не планирам во 2018 година да има избори. Тоа е година во која што треба да одработиме, граѓаните да го почувствуваат тоа, ние ветивме живот за нив. Животот се појавува насекаде, луѓето го чувствуваат тоа, слободата е насекаде, но мораме да ги подигнеме економските параметри. Тоа се и со право очекувања на сите граѓани на Македонија. 2019 година е период кога ќе има претседателски избори, дотогаш треба сите да се посветиме, без разлика дали сме власта или опозиција да одработиме за граѓаните“, потенцираше Заев.

Спонзорирано: