23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„Нисан“ во Русија повлекува 127 илјади возила со грешка

Јапонската автомобилска компанија „Нисан мотор“ ќе повлече повеќе од 127.7 илјади возила во Русија, соопшти рускиот регулатор Ростандард.

„Причината за повлекувањето на моделите на „нисан“ – „note“ и „tiida“ произведени од 30 август 2008 до 1 август 2014 година е можноста од погрешно активирање на воздушното јастуче на возачот“, се наведува во соопштението.

Генераторите на гас во неисправните воздушни јастучиња ќе бидат проверени и заменети таму каде што ќе биде потребно. Поправките ќе бидат бесплатни за сопствениците на возилата.

Спонзорирано: