15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Насилни протести во Перу поради одлуката за помилување на Фуџимори

Полицијата во Перу употреби солзавец за да ја растера толпата од илјадници демонстранти гневни на властите поради одлуката да го помилуваат поранешниот претседател Алберто Фуџимори.

Тие извикуваа „Не за помилувањето“ за време на вториот ден од судирите кои почнаа на божикната вечер.

Претседателот Педро Пабло Куцински го помилува Фуџимори поради здравствени причини и рече дека е свесен за незадоволството поради неговата одлука, но нагласи дека не можел да дозволи Фуџимори да умре во затвор. Претседателот исто така негира дека го помилувал Фуџимори како дел од договор со неговата партија за да избегне негов импичмент.

Фуџимори, кој служи казна од 25 години за злоупотреба на човековите права и за корупција, минатата недела беше преместен од затвор во болница. Тој има низок крвен притисок и нерегуларно срцебиење, објави Би-би-си.

Спонзорирано: