5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
????????????????????????????????????
ИНТЕРВЈУТОП ВЕСТИ

Интервју со Филип Манојловски ко-основач на Creative Hub

Sky.mk денеска разговара со Г-дин Филип Манојловски, ко-основач на новиот бизнис и едукативен центар Creative Hub.

 

SKY.mk : Што е Creative Hub и како дојдовте на идеја да започнете со овој бизнис?

Филип Манојловски: Creative hub е современ едукативен и cowork центар позициониран во центарот на Скопје на самата партизанска веднаш до Универзална сала. Ние сме центар кои нуди сертифицирани кусреви, обуки и академии кои ќе допринесат за надоградување на знаењето и вештините на младите во Македонија со цел полесен просперитет во иднина за брзо вработување или пак започнување сопствен start-up. Идејата за Creative Hub дојде во соработка со Google Campusot во Мадрид и тимот на Web summit.Сметавме дека на Македонија и треба место каде што младите  по завршување на факултет ќе имаат можност да се доквалификуваат или преквалификуваат низ курсевите и обуките што ги нудиме за кои по завршувањето на курсот добиваат овластени сертификати по стандардите на Certiport кои на некој начин го гарантира нивното знаење бидејќи тие курсеви се официјални. Покрај тоа ќе им дадеме можност на сите наши студенти да учествуваат на светските Tech саеми како Tech Open во Берлин ,web Summit во Лисабон или пак RISE во Хонг Конг. Исто така ке имаат можност по завршување на курсот веднаш да започнат пракса во некоја од фирмите кои се во соработка со Creative Hub со можност за нивно вработување доколку се покажат квалитетни и вешти во тоа сто го научиле а не се сомневам дека нема да остават позитивен впечаток кај некоја од фирмите од приватниот сектор.

SKY.mk: Какви услуги нуди Creative Hub?

Филип Манојловски:  Creative hub нуди сертифицирани Аdobe курсеви ( Photoshop , Illustrator, InDesign I Premier pro) Microsoft , курсеви за јазици ( Гермаснки , италијански, англиски , шпански, албански ), потоа 3D графика , курс по фотографија и курсеви за програмирање CSS3 ,JavaScript. и хакирање. Воедно ја започнавме и нашата Start-up academy која што располога со обука за деловна комуникација и обука за претприемачи , сите оние кои имаат идеја за некаков бизнис низ обуката имаат можност да изработат реален бизнис план за да се види финансиската издржливост на проектот како и начинот на позиционирање на пазарот со земање во предвид на сите релевантни фактори кои се неопходни за да се изгради една успешна стартаp приказна.
Со особено задоволство сакам да го најавам и проектот за престојната 2018 година кој започнува веќе во месец Фебруар а тоа се две Академии кои ги лансираме, Академија за графички дизајн и Академија за Маркетинг и ПР.

SKY.mk : Што е она што го прави уникатен во споредба со другите бизнис центри?

Филип Манојловски: Сметам дека е уникатен бидејки  самиот центар не е на исто рамниште со останатите бизнис центри кои се фокусирани само за одредени дејности,  напротив Creative Hub нуди синтеза на курсеви и обуки кои се мегусебно на некој начин поврзани и ќе допринесат секој студент да се надогради со квалитетни вештини во областа на ИТ дејноста и Маркетинг кои ке му го гарантираат успехот на патот кон градење на кариера , вработување или започнување на сопствен бизнис. Посебно даваме внимание на тоа на студентите да им пренесеме интернационално искуство, дел од нив да ги испратиме на одреден Summit или конференција се со цел да го издигнат квалитетот на своето знаење и да бидат успешни во тоа што ќе го работат. Сакам да потенцирам дека не е се така сиво во нашава држава напротив со квалитетно пренесено знаење , искуството од страна што го имааат менторите и можноста Creative Hub да ги поврзе со  outsourcing фирми не прави поразлични од останатите. Меѓутоа не гледам многу на  конкуренција бидејки ние сме фокусирани на нашата идеја која сме ја зацртале и работиме напорно за да дадеме квалитет, ефективност и ефикасност во услугите кои ги нудиме за сите наши студенти.

 

SKY.mk :Која е главната грешка што според Вас ја прават стартапите во Македонија поради која не успеваат да пораснат на светската сцена?

Филип Манојловски: Ако се земе во предвид колкав е бројот на неуспешни стартапи во Македнија ни дава претстава дека има причина зошто е тоа така. Според мене прво за да се започне сопствен бизнис треба да се направи добра стратегија ,сериозна анализа, и да се има прецизна визија и мисија на компанијата. Грешката на стартапите може да ја увидам во недоволната спремност на сопствениците, потценување на она што се вика know how и неприфаќањето на фактот дека брзи пари преку ноќ нема. Треба да се вложува голем дел од капиталот во маркетинг и во издигање на брендот се со цел да може да се опстане на пазарот да се стигне до клиентите и да се стане препознатлив во околината во која дејствува бизнисот.. Управувањето со сопствен бизнис бара континуирано надоградување на вештините бидејки вие како сопственици сте одговорни за секој сегмент на бизнисот секоја мала неинформираност или незнаење на справување со одреден проблем може многу да влијае, па во краен случај да не се може да се покријат тековните обврски за да функционира компанијата. Во поглед на Стартапите кои неуспеваат да порасант на светска цена сметам дека прво треба да се докажат на домашниот пазар за потоа да може да се прошири интернационално но за се тоа треба време и многу работа, едуцирање и следење на светските трендови.

 

SKY.mk : Зошто голем дел од младите преферират да работат во државна администрација, отколку да отворат свој сопствен бизнис?

Филип Манојловски: За жал така е генерално младите студираат се образуваат завршувааат факултет и на крај се задоволуваат со работа во државна администрација бидејки сметаат дека тоа е ,,барем” некаков вид на сигурност во животот. Тука нема да се согласам со тој став, јас ќе кажам нема ништо сигурно, животот е еден и треба да се проба да се оствари она што од мали сме го посакувале. Ако не пробаш нема никогаш да знаеш дали ке успееш или не . Како што се вели најголем ризик е да не ризикуваш ништо. Верувам дека длабоко во мислите на сите млади амбициозни, надежни студенти јас ќе ги наречам таленти бидејки секој во себе носи некаков талент само треба навремено да се откире и да се посвети и работи на него, постои идеја за некаков бизнис сто би сакале да го имаат и да биде дел од нивниот живот. Тука сакам да апелирам и да ги охрабрам сите малди луѓе да размислуваат outside of the box, да вложат во своето знаење да истражуваат и да се потрудат да најдат начин како својата идеја да ја претворат во бизнис можност. Верувам дека се може да се направи само треба да се најде правилниот начин како да се стигне до целта.

 

SKY.mk : Кои се идните планови за развој на Creative Hub?

Филип Манојловски: Идните планови на Creative hub се како што напоменав дека во Фебруар месец ке се започне со две нови Академии тоа се Академијата за графички дизајн и академијата за маркетинг двете академии се во времетраење од 4 месеци. На тие академии ќе  предаваат успешни веќе докажани предавачи кои во целост ке го пренесат знаењето на студентите во голем дел е  фокусирано на реални ситуации, практични и секојдневни ситуации затоа што не сакаме да го пренесеме во целост она што е само ,,by the book” како дефиниции, него е насочено кон реалните потреби во функционирањето на секој вработен, на секое претпријатие . Исто така за месец Јануари е планирано да се издаде и првата моја книга-прирачник ,,Бизнис инсајдер” совети за основање на компанија. Таа книга е дел од обуките за претприемачи кои се под мое менторство и прирачник низ кој сакам да придонесам за иразботување на реален бизнис план онаков прилагоден за нашата средина за кои се надевам дека ке придонесе за тоа да видиме во иднина голем број на малди луѓе како мене кои започнале и градат своја стартап приказна.

 

SKY.mk : Каков совет би им дале на сите оние кои допрва почнуваат да развиваат бизнис?

Филип Манојловски: Најпрво би им честитал за потегот да отворат сопствен бизнис, ништо не е лесно меѓутоа со добра организација, добра поставеност на работите за функционирање на бизнисот сигурен сум дека ќе донесе успех. Би ги советувал да бидат упорни и да го издржат почетокот бидејќи тој дел е најтежок и бара најмногу труд и посветеност. Да веруваат во себе и во својата идеја бидејки ако сам си верувам дека ќе успее влијае тоа и на  другите во тимот да веруваат дека можеме да успееме, таа позитивна енергија се пренесува од еден на друг , и друга битна работа е да се има добар тим на кој ќе може да се ослоните и да верувате бидејќи сам не се може.  Нормално дека од сам почеток нема да имаат некој драстичен раст но би советувал да бидат упорни и секојдневно да имаат будно око за работите сто се случуваат за да можат навремено да го преусмерат бизнисот или да воведат некој новитет кои ќе придонесе да се развие компанијата, и да ја пополни онаа празнина на која сме се надевале на почетокот. Така да со една реченица не се откажувајте никогаш од сонот и идејата која сте ја зацртале како цел во животот. Секогаш постои решение , само треба да се најде правилниот начин за работите да тргнат во нагорна лнија.

Спонзорирано: