Со 61 глас „за“ и еден „воздржан“, избран е новиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Собранието денеска двапати гласаше за изборот на нов јавен обвинител. Кворумот беше обезбеден откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, даде пауза за координација, а се гласаше по третпат.
Владата на седницата на 7 ноември до Собранието го достави предлогот за јавен обвинител да го именува Љубомир Јовески откако доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители.
По гасањето Јовески даде свечена заклетва.
Спонзорирано: