20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Јовески: Гарантирам дека ќе ја вратам изгубената доверба во обвинителството

Новоизбраниот јавен обвинител, Љубомир Јовески ветува дека ќе ја врати игубената доверба во Јавното обвинителство. Тој се заблагодари на укажаната доверба за неговиот избор и рече дека тоа за него е голема чест, но и одговорност.

„За мене тоа е голема чест и одговорност. Обвинителството е пред голем предизвик да ја вратам изгубената доверба. Ја уверувам јавноста дека Обвинителството ќе се дистанцира од извршната власт и други центри на моќ и ќе биде самостоен државен орган надлежен за гонење на криминалот. Ја гарантирам самостојноста во работата на обвинителите и инсистирам да го истражуваат и гонат криминалот врз основа на факти и докази. За време на вршењето на функцијата ќе го почитувам Уставот и законите на Република Македонија и ќе постапувам чесно, совесно и беспристрасно“ рече Јовески.

Тој не сакаше да прецизира кој е првиот случај за кој ќе се фати со работа.

„Оставете неколку дена да видиме кои се приоритетите на обвинителството“ нагласи Јовески.

Новиот јавен обвинител додаде дека е подобрена соработката со СЈО и дека таа ќе продолжи согласно законските можности.

Спонзорирано: