10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Трагедија за Бадник – почина познатиот фудбалер

На 20-годишниот фудбалер на Боависта Еду Фереира му беше дијагностициран рак во ноември минатата година и тој денеска ја загуби битката со болеста во болницата „Санто Антонио“ во Порто.

Жалната вест ја пренесе португалскиот клуб со официјално соопштение.

– Еду си замина, но никогаш нема да не напушти. Празнината што ја остави засекогаш ќе остане во нашите срца. Денеска, има уште една ѕвезда на небото. Почивај во мир Еду – соопшти клубот.

Погребот е закажан за 27 декември.

Спонзорирано: