5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Ќе бараме нови локални избори, ако не се донесе буџетот за Гостивар

Ќе ја разгледаме можноста за распишување локални избори, ако не помине буџетот, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на новинарско прашање во врска со тоа кои би можеле да бидат последиците од недонесување буџетот на Општината.

„Ако не се стави ниту како точка на дневниот ред во законски определен рок, а предлогот за буџет е доставен правовремено, јас како градоначалник сум обврзан да го информирам Министерството за финансии и да барам времено финансирање во висина од една третина од буџетот за 2017 како што е пропишано со закон. Ќе чекаме до петок барем да се стави на дневен ред, а потоа ќе ја разгледаме и можноста за распишување локални избори, ако не помине буџетот, бидејќи тоа е една од можностите за распуштање на советот, поради тоа што во таков случај не можеме ниту да функционираме како општина“, рече Таравари.

Додаде дека на денешната седница на Советот на општината биле изгласани измените на распределба на буџетот на Општина Гостивар, со што се овозможува исплата на ноемвриските плати за околу 1000 вработени во општинските основни и средни училишта, но обвини дека новото мнозинство постојано ја блокира работата на општината.

„Успешноста во работата на Општина Гостивар практично се кочи од 16-те советници од ДУИ, СДСМ, партијата на Весел Мемеди и советникот од ДСР- Кашмир Салиу“, нагласи градоначалникот и обвини дека од него било побарано како општина да вработат партиски војници во образованието и да земаат плата и лица кои воопшто не доаѓаат на работа, на што тој им возвратил дека тие денови завршиле и нема да дозволи такво нешто.

Спонзорирано: