11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Празниците да се прослават без петарди и огнено оружје, апелира МВР

По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да се воздржат од каква било употреба на петарди и други пиротехнички средства, како и огнено оружје при прославувањето на празниците, не само поради предвидените законски санкции туку и поради опасностите што по безбедноста, здравјето и животот на граѓаните ги носи употребата на овие средства.

МВР ја информира јавноста дека препродавањето и употребата на пиротехничките средства, како и употребата на огненото оружје нема да биде толерирано и најстрого ќе биде казнето.

Во тек се и превентивните и други активности во насока на информирање на граѓаните за последиците што можат да произлезат од таквиот начин на прославување на празниците.

Од Министерството потсетуваат дека според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 е предвидено дека: “Кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност“.

Спонзорирано: