12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку шест жртви при експлозија во седиштето на разузнавачката агенција во Кабул

Најмалку шест лица загинаа во експлозија во седиштето на авганистанската национална разузнавачка агенција во Кабул, додека две други беа повредени.

Авганистански официјални лица изјавија дека уште три лица биле ранети во бомбашкиот напад.

Според полицијата, експлозијата се случила кога бомбаш-самоубиец ја активирал бомбата на влезот од агенцијата.

Според некои информации кои се повикуваат на агенцијата „Амак“ блиска до Исламската држава, терористичката група ја презела одговорноста за нападот, за кој тврди дека бил насочен кон канцелариите на разузнавачката служба во Кабул.

Спонзорирано: