9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лавров: Нема нови железни завеси меѓу САД и Русија

Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, изјави дека не постои нова железна завеса меѓу Русија и САД, но дека во односите на двете земји постојат проблеми и беспричински антируски санкции на САД. Тој во интервју за „РИА новости“ вели дека русофобичната хистерија во Вашингтон добила параноичен карактер и дека не дозволува Русија и САД да се движат во правец кој е важен за нив, а предизвикува и дополнителни тензии во светот.

„Во однсоите меѓу двете држави постојат многу проблеми, како стари така и неодамна настанатите или вештачки создадени. Главен проблем е русофобичната хистерија која го зафати политичкиот естаблишмент во Вашингтон, која веќе стекна, без претерувања, параноичен карактер. Токму тоа не дозволува да се движиме напред во правците кои се важни за нашата земја и предизвикува дополнителни тензии на светската сцена“, рече Лавров.

Рускиот шеф на дипломатијата додаде дека Москва не планира да ги интензивира конфронтациите со САД, но дека ќе одговори на агресивните напади додавајќи дека наспроти порастот на антируското расположение во САД, руската страна се однесува прагматично.

Спонзорирано: