11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против гостиварец за серија кражби

СВР Охрид поднесе кривична пријава против гостиварецот Џ.И. (23) од село Врапчишта за сторени шест кривични дела „тешка кражба“.

Џ.И. делата ги сторил во периодот од 29.11. до 04.12.2017 година во Охрид откако претходно побегнал од воспитно-поправниот дом во Тетово. Тој, со употреба на сила и метална шипк, успеал да влезе во службени простории на неколку деловни субјекти во Охрид.

На 29.11.2917 пријавениот со кршење на стаклото влегол во книжарница на улица Св.Климент Охридски од каде што одзел 13.000 денари. Истиот ден, на ист начин, влегол во канцеларија на приватна фирма на булевар Туристичка во Охрид од каде што бесправно одзел 13.000 денари. На 30.11.2017 пријавениот влегол во месарница во близина на градскиот пазар и од касата одзел 5.000 денари, а потоа и во канцеларија на уште една приватна фирма на булевар Туристичка од каде што одзел 400 денари. На 04.12.2017 година пријавениот се обидел да влезе во парфимерија и пицерија на улица Св.Климент Охридски, но не успеал бидејќи се вклучил безбедносниот аларм, по што веднаш избегал.

Спонзорирано: