13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Констатирани оставките на членовите на ДИК во Собранието

Претседателот на Собранието на 27. седница ги констатираше оставките на членовите и претседателот на ДИК поднесени пред истекот на мандатот и на нивно лично барање. Претседателот Талат Џафери ги прочита оставките на сите осум членови посебно.

Инаку, оставките следеа под прстисок на јавноста, откако претходно амбасадорот Џес Бејли обелодени дека членови на ДИК со интерна одлука си поделиле високи бонуси за време на локалните избори и последните неколку изборни циклуси. Но веќе наредниот ден оставки поднесоа и Субхи Јакупи, предложен од ДУИ, потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, и членот Атанас Урумов, кои доаѓаат од редот на експертите. На крај оставки од функцијата поднесоа и членовите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев.

Спонзорирано: