19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Документарен филм за Илхами Емин вечерва во Кинотека

Вечерва со почеток во 19 часот во Кинотеката на Македонија ќе се одржи премиерата на документарниот филм Ѓулчинар Илхами Емин посветен на животот, уметноста и делата на турскиот поет, писател и човек од културата Илхами Емин.

Филмот е во режија Исмет Арасан, додека, пак, оригинална музика во филмот е дело на Ердал Ѓунеј. Директор на фотографија е Мустафа Кемал Коркмаз-Танер Акчил, а илустратор е Динч Онур Ајдин.

На самата проекција ќе присуствува и режисерот Исмет Арасан.

Илхами Емин е турски поет, писател и новинар од Македонија. Роден е во Радовиш на 8 август 1931 година. Своето образование го почнал во Средно економско училиште во Скопје, а потоа дипломирал на Високата педагошка академија во Скопје, на отсекот Македонски јазик и книжевност.
Илхами Емин на Балканот е познат како еден од најстарите културни дејци, поточно како балканскиот чинар. Во литературните кругови е познат како ,,поетот на розата” бидејќи на зборот роза и` дал ново значање, особено заради употребата на метафората на розата во неговата поезијата. Исто така, Илхами Емин се смета за еден од изворите за културата, историјата на суфистичкото движење на Балканот.

Спонзорирано: