15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

За наградите на ДПМ конкурирале 70 книги

На конкурсот за традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија, за најуспешни остварувања во 2017 година, до сега пристигнаа 70 дела од 65 автори. Се очекува бројот на книгите да биде поголем со оглед на тоа дека конкурсот е отворен до крајот на декември.

Пристигнатите дела конкурираат за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и „Книжевен мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.

Високите признанија на ДПМ ќе бидат врачени на 13 февруари идната година, на свеченоста по повод 71- годишнината од основањето на македонската писателска асоцијација.

Одлуките за најуспешните остварувања ќе ги донесат жири комисии составени од 15 истакнати писатели, универзитески професори, критичари и есеисти.

Спонзорирано: