33.8 C
Скопје
28. јуни 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Светските медиуми пишуваат за бруталноста на хунтата

Германските медиуми пренесуваат за политичкиот прогон на оперскиот великан Игор Дурловски. Пишуваат за политичкиот прогон, репресивноста и реваншизмот кој се врши во Македонија под капата на хунтата. Хунтата со методите на политички прогон не ја носи државата кон ЕУ, туку ја оддалечува, ја урива демократијата и го уништува владеењето на правото. Човековите права се газат. Хунтата се изживува со секој еден кој има различен став. Ова мора да запре“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата бараат – безусловно запирање на сите процеси на политичкиот прогон, итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС, итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

Хунтата мора да знае дека одговорност за ова незаконие и политички прогон ќе има. Република Македонија мора да биде демократска и слободна држава, со цврсто вкоренет принцип на владеење на правото ВМРО-ДПМНЕ тоа го гарантира, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.