11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Мицкоски првиот ден како лидер на ВМРО-ДПМНЕ го почна со молитва

Денеска новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се помоли и побара мир и спокој пред иконата на мајка Богородица – Брзапослушничка во црквата свети Петнаесет Тивериополски маченици во Струмица.

„Луѓето во текот на нивниот животен пат носат многу одлуки, дел од тие одлуки некогаш знаат да бидат и погрешни, најголемиот дел се исправни. Како луѓе и како христијани треба да научиме на простување да посочуваме на грешките и истите да ги разбираме, а оние кои што грешат треба да научат да извлечат поука од грешките и истите да не ги повторуваат“ рече Мицкоски.

Тој нагласи дека потребно ни е помирување, толеранција и разбирање за сите останати. Јас одлучив денеска да го почнам мандатот како Претседател од ВМРО-ДПМНЕ од ова свето место и да се помолам пред иконата на Мајка Богородица – Брзопослушничка, да побарам спокој за себе и спокој за сите граѓани во Република Македонија, додаде Мицкоски.

Спонзорирано: