17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

(Видео) Критичарите се согласни дека ова е најлошиот филм за 2017 година

Критичарите ја оценија футуристичкaта драма „Брајт“ (Bright) со Вил Смит како најлош филм за оваа година.

На веб-страницата за филмски рецензии „Ротен томејтос“, „Брајт“ има само 32 отсто на скалата од 100 отсто што е прилично лоша оценка.

„Постои досадно, постои лошо, а постои и ‘Брајт’ – филм кој е толку ужасен што републиканците ќе се обидат да го претворат во закон овој Божиќ. Од режисерот на ‘Суисајд сквад’ и сценаристите на ‘Виктор Франкенштајн’ доаѓа нова доза пекол која го претставува нивното дно“, напишал Дејвид Ерлих.

„Честито Нетфликс. Во состојба сте да направите еднакво гротескен, срмтно досаден и безнадежно збунувачки акционен филм и стереотипна холивудска индустрија“, пишува магазинот „Форбс“.

Режисерот Дејвид Ајер им возврати на критиките:

„Овие критики одат на мојот фрижидер. Најголеми комплименти се силните реакции, а ова е е**** епска критика. Тоа е забавен филм. Навистина умеете со зборови господине Ерлих. Би сакал да прочитам некое ваше сценарио“.

Спонзорирано: